• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фидан: Турција нема да дозволи никаква федерална структура во Сирија

Фидан: Турција нема да дозволи никаква федерална структура во Сирија

Анкара, 17 април 2025 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи изјави дека Турција нема да поддржи ниту една форма на федерална структура во Сирија и очекува сите вооружени елементи, вклучително и припадниците на курдските Сили за заштита на народот (ПКК) (кои Анкара ги гледа како огранок на терористичката Курдистанска работничка партија), да се разоружаат и да се интегрираат во националната армија, објави „Туркије Тудеј“.

Фидан го истакна пристапот на Турција кон неодамнешните случувања во Сирија и регионот на состанокот со пратениците од турската владејачка Партија на правдата и развојот.

Тој нагласи дека нема да се толерираат никакви вооружени формации надвор од Сириската национална армија и дека вклучувањето на Курдите во сирискиот Устав како конститутивен елемент е важно за Турција.

Турскиот министер за надворешни работи ги осуди воздушните напади на Израел во Сирија и рече дека тие придонесуваат за дестабилизација на регионот. Тој изјави дека израелските напади ефективно создаваат простор за „Исламска држава“, која е закана за мирот во западниот свет и на глобално ниво.

Фидан, исто така, категорично се спротивстави на плановите на Израел за депопулација на Појасот Газа и преселување на Палестинците во трети земји. Тој истакна дека Јордан и Египет не одговориле позитивно на идејата за преселување на Палестинците. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан