• четврток, 26 март 2026

Фидан: Во преговорите меѓу Украина и Русија е постигнат скромен напредок

Фидан: Во преговорите меѓу Украина и Русија е постигнат скромен напредок

Анкара, 29 мај 2025 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека е постигнат „скромен напредок“ во преговорите меѓу Украина и Русија и дека следниот чекор би можел да биде прекин на огнот.

Фидан им рече на новинарите на пат кон Киев дека и Русија и Украина сакаат прекин на огнот и дека Турција во моментов се обидува да направи се што е можно за да го постигне тоа, објави Хуриет.

„Страните се согласија да преговараат и како резултат на тоа постигнаа одредени резултати. Размената на илјада затвореници беше важен чекор во овој поглед. Подоцнежен важен чекор е и страните официјално да ги консолидираат своите позиции за прекинот на огнот, да ги пренесат на другата страна и да продолжат со преговорите врз таа основа“, истакна Фидан. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан