• среда, 03 јули 2024

Фиго: Реал Мадрид мораше да го потпише Холанд пред Борусија

Фиго: Реал Мадрид мораше да го потпише Холанд пред Борусија
Мадрид, 19 април 2020 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Луис Фиго смета дека „кралевите“ требало да го купат Ерлинг Холанд пред да го стори тоа Борусија Дортмунд. -Реал Мадрид мораше да го потпише пред Борусија. Тој постигна многу голови, тој беше создаден за одлични работи. Реал Мадрид требаше да дејствува порано. Ова е прашање за скаутите, изјави Фиго. Деветнаесетгодишниот Норвежанец постигна 12 голови на 11 натпревари за Дортмунд по трансферот од РБ Салцбург. зс/

Остани поврзан