ФИБА Челенџер: Рекордна победа на кадетките врз Ерменија со 70 поени разлика
- Женската кадетска кошаркарска репрезентација на Северна Македонија ја совлада Ерменија со дури 70 поени разлика на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тибилиси.

Тибилиси, 13 август 2021 (МИА) - Женската кадетска кошаркарска репрезентација на Северна Македонија ја совлада Ерменија со дури 70 поени разлика на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тибилиси.
Резултатот 92-22 претставува рекордна победа на една наша младинска репрезентација во европските натпреварувања.
Нашиот следен противник од турнирот ќе биде Грузија во сабота од 17 часот. ар/рп/