• понеделник, 04 ноември 2024

ФИА одреди нови термини за спринтот и трката за ГН на Сао Паоло

ФИА одреди нови термини за спринтот и трката за ГН на Сао Паоло

 

Сао Паоло, 2 ноември 2024 (МИА) – Квалификациите за Големата награда на Формула 1 на Сао Паоло ќе почнат денеска во 11.30 часот по средноевропско време, а трката е закажана за 16.30 часот.

Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) вечерва синоќа објави нови термини кои ги утврди врз основа на временската прогноза, бидејќи се очекува во тој период да нема обилни врнежи од дожд.

Квалификациите требаше да почнат во саботата вечер во 19:00 часот, но од безбедносни причини беа одложени еден час и 45 минути подоцна за недела поради обилните врнежи од дожд и голема количина на вода на патеката Интерлагос.

Така, квалификациите ќе почнат во 7:30 часот по локално време, односно во 11:30 часот по средноевропско време, а трката од 12:30 часот по локално време, односно во 16:30 часот по средноевропско време, бидејќи правилата налагаат да поминат најмалку четири часа помеѓу крајот на квалификациите и почетокот на трката.

Трката првично требаше да почне во 18 часот. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан