• понеделник, 25 ноември 2024

Фејсбук и Мета обвинувани за неоригиналност

Фејсбук и Мета обвинувани за неоригиналност
Берлин, 1 ноември 2021 (МИА) - Германската компанија „Ем-сенс“ (M-sense) имаше објава на Твитер во којашто го споредува логото на „Мета“ на Марк Закерберг, со своето лого, посочувајќи дека тие се речиси идентични. Објавата стана вирална, а корисниците на Твитер одговорија со уште неколку примери. „Почестени сме што логото на нашата апликација го инспирираше Фејсбук - тие може да бидат инспирирани и од нашата политика за приватност на податоците“, напишаа накусо на официјалниот Твитер-профил на германската компанија. Како одговор на објавата, корисници прикажаа уште неколку примери на слични логоа, на „Вебекс“, „Мобиус“, „Мајкрософт“... Промената на името на Фејсбук предизвика лавина хумористични коментари, но и критики... Социјалните мрежи веќе неколку дена се полни со реакции за новиот деловен потег на Закерберг. На крајот на октомври, милијардерот објави дека овој чекор претставува ребрендирање на компанијата, што наиде и на бројни негодувања и осуди.  си/

Остани поврзан