• вторник, 05 ноември 2024

Фејсбук блокираше австралиски владини профили

Фејсбук блокираше австралиски владини профили
Канбера, 18 февруари 2021 (МИА) -  Профилите на австралиското Биро за метеорологија, на државни здравствени установи, на лидер на опозиција од Западна Австралија, на хуманитарни и други организации, се помеѓу блокираните по забраната на Фејсбук да објавува вести на таа социјална мрежа во Австралија, објави британскиот весник Гардијан. Социјалната мрежа дури блокираше и свои профили. Фејсбук денеска почна со блокирање на објавување вести од австралиски страници за вести, а исто така не им дозволува на австралиските корисници да споделуваат или прегледуваат содржини на австралиски и меѓународни медиуми. Технолошкиот гигант соопшти дека ја донел одлуката како одговор на новиот дигитален кодекс што се очекува да го донесе американскиот Сенат. Кодексот ги принудува Гугл и Фејсбук да склучуваат договори со медиумите и да плаќаат за содржините. Додека забраната за Фејсбук требаше да биде насочена само кон медиумите, десетици профили на владини агенции, синдикати, организации и политичари исто така беа блокирани неколку часа. ми/

Остани поврзан