• недела, 22 декември 2024

Фестивал на храна и вино во Струмица во рамки на Отворен Балкан, во соработка со EXIT

Фестивал на храна и вино во Струмица во рамки на Отворен Балкан, во соработка со EXIT
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Владата на 7 септември, во рамки на иницијативата Отворен Балкан, ќе организира регионален Фестивал на храна и вино во Струмица. Фестивалот ќе биде продолжение на Саемот на вино, храна и туризам што треба да се одржи од 1 - 4 септември во Белград. Како што информира владината прес-служба, регионалниот Фестивал на храна и вино во Струмица се реализира во соработка со реномираната организација Егзит, во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна етно-гастрономска програма. Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште кои заедно ќе спремаат локални специјалитети. Планирана е и попладневна програма со концерти кои ќе траат од 18:00 до 21:00 часот. Ќе настапат култниот македонски бенд 21 Век, младата поп дива Дина Јашари world music составот кој од Струмица го освои светот со едноставен трубачки звук, Џамбо Агушеви Оркестар, како и хип хоп ветераните и едни од најистакнатите имиња на македонската музичка сцена DJ Goce S.A.F и DJ Chvare. На веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed пак, ќе настапат едни од најпознатите имиња на регионалната и светската електронска музичка сцена Deborah De Luca и Mahmut Orhan. мч/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан