Фестивал „Илинден“ прогласен за Спортски настан на годината
- Спортскиот фестивал „Илинден“, кој по втор пат годинава се одржа на брегот на реката Црн Дрим во Струга, во организација на спортско-рекреативниот клуб „Соларис“, е прогласен за спортски настан на годината од страна на платформата „Авантури во Македонија“.
Струга, 25 декември 2023 (МИА) - Спортскиот фестивал „Илинден“, кој по втор пат годинава се одржа на брегот на реката Црн Дрим во Струга, во организација на спортско-рекреативниот клуб „Соларис“, е прогласен за спортски настан на годината од страна на платформата „Авантури во Македонија“.
Одлуката, како што појаснуваат од платформата, е донесена врз основа на реакциите на читателите и мислењето на тричленото стручно.
- Нивното официјално видео кое беше објавено на нашата страница имаше преку 16.000 прегледи и уште толку реакции и коментари. Воедно, во тесна конкуренција со неколку спортски настани, потврдуваме дека со својата концепциска оригиналност „Илинден" е настан кој ја обележа 2023 година, соопштија „Авантури во Македонија“.
Златната плакета за спортски настан на година во име на целиот тим на Фестивалот ја прими Коста Хиохи, кој е и еден од иницијааторите за неговото создавање.
Наградата, според Лиза Пантековска, член на организациски одбор на Спортски фестивал „Илинден“, е обврска Фестивалот да расте организациски и спортски.
- Наградата е потврда дека нашиот влог од знаење, енергија и љубов за Струга е силно препознаен. Како од корисниците на платформата, така и од евалуаторите. Фестивалот го сочинуваат сите, најмногу поддршката на стружани. Без учесниците, посетителите и помагателите вие немате реалност. Затоа не случајно наградата им ја посветуваме нив, вели Пантековска.
Подготовките за третото Фестивалско издание се веќе почнати. Организаторите најавуваат новина со воведување на „таклата“ како натпреварувачка дисциплина и враќање на велосипедската тура. сс/зс/
Фото: Авантури во Македонија