• среда, 26 јуни 2024

Фернандеш изненаден дека е избран за капитен на Јунајтед

Фернандеш изненаден дека е избран за капитен на Јунајтед
Манчестер, 19 октомври 2020 (МИА) - Откако се повреди актуелниот капитен Хари Мегваер и во вторник нема да игра за Манчестер Јунајтед против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, лентата ќе ја носи Бруно Фернандеш. Менаџерот Оле Гунар Солскјер ја објави својата одлука без претходно да се консултира со Португалецот. Додека ја даваше својата редовна прес-конференција во Париз вечерва, тренерот го посочи Фернандеш, кој седеше до него и рече: „Капитенот е до мене. Тој ќе го води тимот утре“. Бруно изненаден одговори: „Не го очекував ова и сега го дознавам. За мене, ова е голема чест, ова е важен успех во мојата кариера. Капитен е секој, затоа што секој мора да помогне и да биде лидер. Да се ​​биде лидер е различно за секој играч. Не станува збор за мене конкретно, туку за тимот како целина“.

Тагови

Остани поврзан