• вторник, 10 септември 2024

Ферер: Алкараз мора да научи да губи

Ферер: Алкараз мора да научи да губи

Валенсија, 10 септември 2024 (МИА) - Еден голем настан заврши, а уште еден веќе започнува. Веднаш по УС Опен продолжува групната фаза на Дејвис купот, а најголема ѕвезда ќе биде Карлос Алкараз. 

Во Валенсија, Шпанците се борат за пласман на завршниот турнир, а многу се очекува од овогодинешниот шампион на Ролан Гарос и Вимблдон, особено што домаќинот беше елиминиран пред една година на истото место без него.

Алкараз доаѓа разочаран од дебаклот на УС Опен, но Давид Ферер, тренерот на Армадата, верува дека брзо ќе го надмине.

- Мислам дека веќе се чувствува добро, но малку претерува. Забележа многу, многу победи оваа година, освои два Гренд Слема, играше на Олимпијада, малку се одмори и веднаш отиде во Синсинати и УС Опен, ја оцени Ферер самокритичноста на Алкараз по неуспехот во Њујорк во интервју за шпански „Ас“. 

Ферер многу добро го разбира својот млад сонародник.

- Сега побара одмор, се ресетира, сето тоа го испочитував и целосно сум смирен. Тој е толку добар затоа што бара многу од себе, но мора да учи и да губи. Луѓето надвор од тенисот мислат дека тој може да победува цело време. Но, тоа е невозможно, тоа не можеа да го направат ниту Рафа, Роџер и Новак, најдобрите во историјата, истакна Шпанецот.

Ферер објаснува дека има голем проблем во тенисот бидејќи играчите се помалку се дома, имаат се помалку време за опуштање.

-Календарот на турнирите отсекогаш бил напорен, беше и во мое време и затоа одлично ги разбирам тенисерите. Во последните 15-20 години стана уште потешко, има повеќе турнири, Мастерсите се продолжени на две недели. Сето тоа има ефект,играчите се се повеќе исцрпени и физички и психички, додае тој. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан