• понеделник, 23 декември 2024

Феникс казнет со 25.000 долари поради ненавремена пријава во составот на Букер

Феникс казнет со 25.000 долари поради ненавремена пријава во составот на Букер
Вашингтон, 1 мај 2022 (МИА) – Феникс санс е казнет од раководството на НБА-лигата поради прекршување на правилата за списокот со повредени играчи пред натпреварот број 6 од плејоф серијата против Њу Орлеанс. „Сонцата“ не успеаја навреме да го пријават учеството на еден од своите најдобри кошаркари, кој ги пропушти третиот, четвртиот и петтиот натпревар од серијата поради повреда на тетивата. Како резултат на одлуката на лигата, Санс се обврзани да платат казна од 25.000 долари. Феникс успеа да победи на натпреварот одигран в петокот и со вкупни 4:2 ја доби серијата со Њу Орлеанс. Во четвртфиналето од плејофот, противник на Феникс ќе биде Далас маверикс. зс/

Остани поврзан