ФЕД се повлекуваат од мрежата за зелен финансиски систем
- Федералните резерви на САД (ФЕД) објавија дека се повлекуваат од меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, чии членови се Европската централна банка (ЕЦБ) и монетарните институции на еврозоната, вклучително и Хрватската народна банка (ХНБ).

Вашингтон, 20 јануари 2025 (МИА) - Федералните резерви на САД (ФЕД) објавија дека се повлекуваат од меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, чии членови се Европската централна банка (ЕЦБ) и монетарните институции на еврозоната, вклучително и Хрватската народна банка (ХНБ).
Меѓународната мрежа НГФС (NGFS) е основана во декември 2017 година и денес вклучува 143 членови од 90 земји кои го истражуваат влијанието на климатските ризици врз финансискиот систем и ги разгледуваат моделите на управување.
Членови на мрежата ги вклучуваат, меѓу другото, Швајцарската народна банка и Европската централна банка (ЕЦБ) и централните монетарни институции на сите членки на еврозоната, вклучително и Хрватската народна банка, од средината на јуни 2021 година.
Портпаролот на НГФС сè уште не коментирал.
На списокот членки се и централните банки на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. На иницијативата се приклучија и бројни регулатори за банки и осигурителни компании.
ФЕД на САД во петокот објави дека се повлекува од НГФС затоа што опсегот на неговата работа е проширен и сега ја надминува рамката утврдена со американскиот закон, објаснија тие. мс/
фото: ЕПА