• недела, 22 декември 2024

ФЕД: Доаѓа време за намалување на каматните стапки, Американците да бидат трпеливи

ФЕД: Доаѓа време за намалување на каматните стапки, Американците да бидат трпеливи

Вашингтон, 5 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Федералните резерви на САД Џером Пауел рече дека доаѓа време да се намалат каматните стапки, но побара од Американците малку повеќе трпение додека ФЕД се бори со инфлацијата.

- Американската економија е силна и Централната банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки подоцна оваа година, рече Пауел, додавајќи дека, сепак, „не е веројатно“ тоа да се случи овој март, како што претходно очекуваше Вол Стрит, пренесува Си-Ен-Ен.

Во средата, минатата недела, ФЕД соопшти дека ги задржува каматните стапки во опсег од 5,25 до 5,5 отсто, а Пауел во таа прилика изјави дека намалувањето на каматните стапки во март е малку веројатно.

„Нашата самодоверба расте. Само сакаме малку повеќе доверба пред да го направиме тој многу важен чекор и да почнеме да ги намалуваме каматните стапки“, рече Пауел во емисијата што се емитуваше синоќа на каналот Си-Би-Ес.

Финансиските пазари сметаат дека веројатноста ФЕД да ги намали каматните стапки во март е 20 отсто, а веројатноста тоа да се случи во мај е 71,3 отсто. Следната одлука за каматните стапки ФЕД ќе ја донесе за седум недели. ссм/

фото: архива

Остани поврзан