• недела, 22 декември 2024

Федерер: Засега се плашам да играм други спортови поради моите колена

Федерер: Засега се плашам да играм други спортови поради моите колена
Цирих, 20 ноември 2022 (МИА) – Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер раскажа како го поминува времето по завршувањето на кариерата. - Сè уште се плашам да играм други спортови. Со колената сум така-така. Значи, ова треба да се почека. Подоцна ќе можам повеќе да патувам. Планирам времето да го поминувам со семејството повеќе од порано. Ги планираме празниците и сакам тие да бидат забавни и различни. Би сакал да ги однесам децата во Африка. Сакам да патувам и да се релаксирам,  бидејќи животот за време на турнирите ми беше многу стресен, изјави Федерер. Швајцарецот заедно со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ги одбележаа последните петнаесетина години во светскиот тенис. зс/

Остани поврзан