• сабота, 04 мај 2024

Федерер ги именува главните фаворити на турнирот во Индијан Велс

Федерер ги именува главните фаворити на турнирот во Индијан Велс

Индијан Велс, 10 март 2024 (МИА) – Дваесеткратниот Грен слем победник Роџер Федерер кажа кои ги смета за главни фаворити за освојување на турнирот во Индијан Велс.

-За жал, Рафа одби да учествува, но мислам дека Новак е еден од главните фаворити. Изгледа дека Синер нема пораз од Австралија Опен. Мислам дека и Алкараз се врати во игра, и тој е бранител на титулата, така што мислам дека победникот ќе биде еден од овие тројца момци, изјави Федерер за „Tennis365“.

Турнирот започна на 6 март, а ќе заврши на 17.

Награден фонд на Индијан Велс е речиси девет милиони долари. На Мастерсот учествуваат вкупно 96 играчи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан