• петок, 05 декември 2025

ФБИ соопшти дека експлозијата кај клиника за помош на истополови парови во Калифорнија е терористички чин

ФБИ соопшти дека експлозијата кај клиника за помош на истополови парови во Калифорнија е терористички чин

Лос Анџелес, 18 мај 2025 (МИА) – Експлозија на бомба пред клиника за неплодност во Калифорнија во која загина едно лице, а четири беа повредени, претставува терористички чин, соопштија официјални претставници на ФБИ, пренесува Би-Би-Си.

Експлозијата се случи во центарот на Палм Спрингс. Претставници на клиниката соопштија дека никој од установата не е повреден.

Шефот на полицијата во Палм Спрингс рече дека експлозијата оштетила неколку згради, од кои некои сериозно.

ФБИ соопшти дека тоа бил намерен терористички чин.

- Истрагата ќе утврди дали станува збор за меѓународен или домашен тероризам, рече шефот на канцеларијата на ФБИ во Лос Анџелес.

Клиниката на Американските репродуктивни центри (ARC) е центар за плодност и лабораторија за ин витро ополување (IVF) и нуди услуги вклучувајќи проценка на плодност, донација на јајцеклетки и замрзнување, репродуктивна поддршка за истополови парови, како и сурогат мајчинство за таа популација.

ARC соопшти дека експлозијата се случила на паркингот во близина на зградата.

Клиниката соопшти дека нивната лабораторија, вклучувајќи ги сите јајцеклетки и ембриони, останала неоштетена.

- Спроведовме безбедносна инспекција и потврдивме дека нашите операции и чувствителни медицински области не беа погодени од експлозијата, се наведува во соопштението на клиниката, но д-р Махер Абдалах, кој е директор на клиниката, рече дека канцеларијата на клиниката е оштетена. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан