• четврток, 26 март 2026

ФБИ изврши претрес во домот на поранешниот советник на Трамп, Болтон

ФБИ изврши претрес во домот на поранешниот советник на Трамп, Болтон

Вашингтон, 22 август 2025 (МИА) – Припадници на Федералното истражно биро (ФБИ) денеска извршија претрес во домот на Џон Болтон во американската сојузна држава Мериленд.

Според американските медиуми, кои се повикуваат на анонимни извори, Болтон е под истрага за неправилно постапување со доверливи документи. Тој не е приведен.

Болтон беше советник за национална безбедност за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп, а сега важи за еден од пожестоките негови критичари.

Трамп претходно му ја укина заштита од Тајната служба, а Болтон истакна дека е разочаран, но не и изненаден од таквиот чекор. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан