• недела, 22 декември 2024

Фајон: Белград и Приштина да постигнат компромис до април, пред локалните избори

Фајон: Белград и Приштина да постигнат компромис до април, пред локалните избори

Љубљана, 17 јануари 2023 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, изјави дека Европската унија очекува Србија и Косово да постигнат компромис во дијалогот до април годинава, за кога се закажани локални избори во општините на северот на Косово.

„Многу е важно да немаме понатамошна ескалација на тензиите. За нас и за целата европска заедница е многу важно да видиме дека двете страни се навистина посветени на изнаоѓање компромис пред локалните избори во април. Важно е да се направи се, за да се нормализира ситуацијата и мора да продолжи дијалогот што го води Европската унија“, изјави Фајон за „Коха“, пренесува Бета.

Таа посочи дека добила гаранции од приштинските политичари дека се подготвени што поскоро да започнат разговори врз основа на француско-германскиот предлог.

Фајон додаде дека од свете страни се бара и да ги спроведат договорите од претходниот дијалог, вклучително и оној за формирање на Заедниците на српските општини.

„Дијалогот мора да продолжи и мора да се исполнат сите договори, вклучително и формирањето на ЗСО. Тоа е многу важно во наредните недели, месеци. Затоа ги повторив ставовите дека властите на Косово и секако Србија мора да направат се за да се нормализира ситуацијата и да се спречи понатамошна ескалација“, изјави Фајон.

На прашањето за неофицијалните документи што зборуваат за поделба и размена на територии, а кои претходно беа објавени во Словенија, Фајон рече дека таквите дискусии се опасни и против европските вредности. аб/

Остани поврзан