• четврток, 26 декември 2024

„Фајненшл тајмс“: Херцог разговараше со Маск за да се обноват преговорите за заложниците

„Фајненшл тајмс“: Херцог разговараше со Маск за да се обноват преговорите за заложниците

Лондон, 6 декември 2024 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог разговарал оваа недела со Илон Маск за обновување на преговорите за ослободување на израелските заложници од Газа, пишува „Фајненшл тајмс“.

Разговорот бил воден по убедување на семејствата на заложниците, кои од 7 октомври 2023 година ги држи Хамас во енклавата, наведуваат анонимни извори.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во понеделникот ги предупреди милитантите во Појасот Газа на страшни последици доколку заложниците не бидат ослободени пред тој да ја преземе функцијата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан