• недела, 22 декември 2024

Фаучи се повлекува од функцијата медицински советник на Бајден

Фаучи се повлекува од функцијата медицински советник на Бајден
Вашингтон, 22 август 2022 (МИА) - Доктор Ентони Фаучи денеска информираше дека во декември се повлекува од функцијата директор на Националниот институт за алергија и заразни болести и оти веќе нема да ја извршува должноста главен медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден. Тој се повлекува и од позицијата шеф на Лабораторијата за имунорегулација на Националниот институт за алергија и заразни болести. - Иако си заминувам од сегашните позиции, не одам во пензија. По повеќе од 50 години во државна служба, планирам да продолжам со следна фаза од мојата кариера додека сè уште имам толку енергија и страст за своето професионално подрачје, појасни Фаучи. Експертот за заразни болести и водечки американски епидемиолог беше директор на Националниот институт за алергија и заразни болести од 1984 година. Во 2020 година стана главен американски „корона-лекар“, кој ги пренесуваше ставовите на американската Влада за сузбивање на пандемијата од Ковид-19. бд/паг/

Остани поврзан