• петок, 22 ноември 2024

Фаучи: Конечно ќе можам да ја гушнам ќерка ми по една година

Фаучи: Конечно ќе можам да ја гушнам ќерка ми по една година
Вашингтон, 26 февруари 2021 (МИА) – Белата куќа имаше „сериозни разговори“ со Центарот за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) во врска со препораките луѓето што биле вакцинирани против Ковид-19 да можат да поминуваат време заедно, откри водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи. „Едвај чекам да се одобри таа препорака, за да можам да ја гушнам ќерка ми после една година, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен. Фаучи, кој е научен советник на Бајден, процени дека ризикот од Ковид-19 е драстично намален кај луѓето кои примиле две дози од вакцината, иако, како што вели, тој не исчезнал целосно. - Конечно ќе почнеме да слушаме луѓе кои велат: „Еј, се повеќе луѓе примија вакцина, сега можам да вечерам со поширокото семејство, луѓе можат да дојдат во мојот дом, додаде Фаучи. јт/

Остани поврзан