• четврток, 27 јуни 2024

Фатен бегалец од затвор осуден на петгодишна затворска казна, вратен во КПУ Идризово

Фатен бегалец од затвор осуден на петгодишна затворска казна, вратен во КПУ Идризово

Скопје, 17 јуни 2023 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги вчера околу 21:15 часот на подрачје на Центар во Скопје го привеле Б.З.(24) од Тетово. 

Како што информира МВР, тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено поправна установа- затвор „Идризово“ каде имал за доиздржување казна затвор во времетраење од една година и пет месеци за сторено кривично дело по член 237 ст.4 од Кривичниот законик, а за кое бил осуден на казна затвор од пет години. 

Лицето е спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан