• недела, 26 јануари 2025

Фатен бегалец од затвор

Фатен бегалец од затвор

Скопје, 24 јанаури 2025 (МИА) - Полициски службеници вчера во Радовиш го привеле радовишанецот О.Ф.(39), кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде издржувал затворска казна во траење од седум години и пет месеци за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „тешка кражба“, а имал за доиздржување една година и седум месеци, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан