• вторник, 19 ноември 2024

Фарах очекува емоции и солзи на својот последен маратон во Лондон

Фарах очекува емоции и солзи на својот последен маратон во Лондон

Лондон, 21 април 2023 (МИА) – Британскиот атлетичар Мо Фарах изјави оти очекува „солзи и емоции“ кога в недела на лондонскиот маратон ќе се збогува со оваа дисциплина.

-Тоа нема да биде моја последна трка, но Лондон ќе биде мојот последен маратон, рече четирикратниот олимписки првак на прес - конференција во петокот во британската престолнина.

Фарах (40), кој е роден во Сомалија, уште во јануари, лани најави дека 2023 ќе биде последна година во неговата блескава кариера.

-Поддршката од сите овие луѓе кои дојдоа во Лондон … Мислам дека тоа ќе влијае на мене, но ќе се обидам да не размислувам за тоа. Можеби по завршување на трката ќе има солзи …“, рече Фарах, кој поради повреда на колкот го пропушти ланскиот маратон во Лондон.

Фарах во документарен филм прикажан премиерно минатата година на британскиот сервис Би-Би-Си откри дека живее под лажен идентитет и оти неговото вистинско име е Хусеин Абди Кахин. ег/вг/

 

Фото: Твитер

Остани поврзан