• недела, 22 декември 2024

Факти и информации за македонскиот јазик и култура на штандот на КИЦ на Северна Македонија во Софија

Факти и информации за македонскиот јазик и култура на штандот на КИЦ на Северна Македонија во Софија
Софија, 17 септември 2022 (МИА) - Информации и факти за македонската култура и јазик, како и брошури и каталози за Република Северна Македонија, се достапни за посетитетлите на македонскиот штанд на плоштадот „Славеиков“ во Софија, поставен по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците. Македонското претставување на оваа манифестација го огранизира Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Како што јави дописникот на МИА, програма за посетителите на штандот ја води режисерот и актер Ѓорѓи Георгиев – Антика од Штип, придружуван од неговиот колега Пламен Великов од Софија. КИЦ на Република Северна Македонија во Софија по шести пат учествува на овој значаен културен настан. Заедно со КИЦ на Северна Македонија, учествуваат и културните центри на Чешка, Полска, Шпанија и Италија. Полскиот културен центар во Софија и подари дел од својот простор на Украина, каде што има книги поврзани со нејзината култура. Сашко Насев, директорот на КИЦ на Северна Македонија, го посети полско-украинскиот штанд и разговараше со нивните претставници за културните врски меѓу Скопје, Варшава и Киев. Одбележувањето на Денот на европските јазици оваа година се совпаѓа со празникот на Софија. Градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова ги отвори настаните поврзани со празникот на бугарската престолнина посветени на православниот празник Вера, Надеж и Љубовта. нк/са/ .

Остани поврзан