• недела, 22 декември 2024

Фабриката за зелена енергија во Неготино со статус на стратешки инвестициски проект

Фабриката за зелена енергија во Неготино со статус на стратешки инвестициски проект
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) - Владата денеска на седница донесе Одлука за утврдување  статус на стратешки инвестициски проект на Друштво за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино. -Одлуката е донесена врз основа на предлогот на Комисијата за стратешки инвестициски проекти која што го разгледа целокупното барање и документација и изврши техничка, финансиска и правна процена на досието на проектот за проектот „Фабрика за производство на зелена енергија“ и врз основа на утврденото дека проектот ги исполнува условите согласно Законот за стратешки инвестиции да се стекне со статус на стратешки инвестициски проект, соопшти владината прес-служба. Владата денеска ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Со предложените измени и дополнувања се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија и ја содржи шемата за државната помош. Со овие измени и дополнувања, меѓу другото, се прошируваат видовите на финансиска поддршка за технолошки развој и истражување, поддршка за инвестициони проекти од значаен економски интерес, поддршка за преземање на претпријатија во потешкотии и конкурентност на пазарот и се регулира финансиската поддршка на државјани со постојан и привремен престој во и вон земјата, а воедно се балансираат и условите за рамномерен регионален развој.лв/хс/

Остани поврзан