Фабрегас се обидува да донесе уште еден ветеран во Комо
- Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, се обидува да го убеди својот поранешен соиграч од Челси, Немања Матиќ да му се приклучи на неговиот тим, тврди „Газета дело Спорт“.

Комо, 6 јануари 2025 (МИА) - Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, се обидува да го убеди својот поранешен соиграч од Челси, Немања Матиќ да му се приклучи на неговиот тим, тврди „Газета дело Спорт“.
Матиќ (36) е играч на Лион, но францускиот клуб има сериозни финансиски проблеми и тешко дека ќе биде проблем да се раздели со играчот.
Дебитантите во Серија „А“, исто така, сакаат да го ангажираат Максимо Пероне од Манчестер Сити.
Комо е бод над зоната за испаѓање и добро се претставува, но ќе има тешка задача за опстанок во вториот дел од сезоната. дс
Фото: Архива