• вторник, 14 мај 2024

Фабрегас гледа само еден плус во петте замени

Фабрегас гледа само еден плус во петте замени
Монако, 9 мај 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Монако, Сеск Фабрегас смета дека пет замени за време на еден натпревар се само еден плус. Според Шпанецот, ова ќе им даде шанси на резервистите. - Единствениот плус што го гледам - ​​играчите кои обично не играат, очигледно ќе добијат повеќе шанси. Конкуренцијата во составот ќе ги зголеми шансите, сите ќе чувствуваат дека треба да добијат минутажа. Ќе има повеќе главоболки за тренерот, напиша Фабрегас на Твитер. Претходно се дозна дека ФИФА дозволи пет замени на натпреварите до крајот на 2020 година. зс/

Остани поврзан