• вторник, 05 ноември 2024

ФАА приземји 171 патнички авиони „Боинг 737-9 Mакс“ по инцидентот на „Алјаска ерлајнс“

ФАА приземји 171 патнички авиони „Боинг 737-9 Mакс“ по инцидентот на „Алјаска ерлајнс“

Вашингтон, 6 јануари 2024 (МИА) - Федералната воздухопловна администрација (ФАА) нареди денеска приземјување на околу 171 патнички авиони „Боинг 737-9 Макс“ („Boеing 737-9 Max 9“) низ целиот свет по инцидентот синоќа за време на лет на еден таков воздухоплов на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“. 

-ФАА побара извршување на инспекција веднаш на некои авиони „Боинг 737-9 Макс“ пред да се вратат во употреба, изјави администраторот на агенцијата Мајк Витакер. 

Одлуката доаѓа откако лет на „Алјаска ерлајнс“ синоќа беше принуден да слета во Портленд, Орегон, шест минути по полетувањето, откако се откорнал прозорец и дел од патничката кабина. Авионот „Боинг 737-9 Макс“ бил произведен и добил сертификат пред само два месеца, според податоците на ФАА. 

Повеќе авиокомпании како „ „Алјаска ерлајнс“ или „Јунајтед ерлајнс“ го прекинаа сервисирањето на овие авиони за инспекција а по наредбата на ФАА. 

Другите американски авиокомпании како „Саутвест“ и „Американ“ изјавија дека не употребуваат „737-9 Max“ туку „737-8 Max“ и потврдија дека овој модел на авиони не е предмет за загриженост. кб/

 

Остани поврзан