• сабота, 21 декември 2024

У21: Трајковски освои сребро на Европското првенство во карате

У21: Трајковски освои сребро на Европското првенство во карате

 

Тбилиси, 11 февруари 2024 (МИА) – Македонскиот каратист Витомир Трајковски го освои вечерва сребрениот медал во категоријата до 84 килограми на завршниот ден од Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори чиј домаќин беше грузискиот главен град Тбилиси.

Борбата за златниот медал меѓу Трајковски и неговиот ерменски противник Нерсисијан Гор во конкуренција на помлади сениори до 21 година заврши нерешено 3-3, а противникот победи со прв освоен бод во дуелот.

На патот со финалето Трајковски забележа победи над Давиде Лучијани (Италија) 3-2, Мелос Гаши (Албанија) 1-0 и Никита Сахвон (неутрален) 6-1, а во полуфиналната борба членот на Карате клубот „Макпетрол“ беше поуспешен од Салих Халиловиќ (БиХ) со 2-1.

На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори до 21 година настапија над 1.100 каратисти од 49 земји. ег ФОТО: КК Макптерол

Остани поврзан