• понеделник, 23 декември 2024

У21: Канатларовски го објави составот за турнирот во Хрватска

У21: Канатларовски го објави составот за турнирот во Хрватска
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година од 21. до 26. септември ќе учествува на меѓународен контролен турнир во хрватска, на кој покрај домаќинот ќе настапат и селекциите на Албанија и Саудиска Арабија. Првиот натпревар на турнирот во Свети Мартин на Мура избраниците на селекторот Драган Канатларовски ќе го играат против Албанија на 23. септември. Селекторот Канатларовски повика 24 фудбалери. Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Александар Ангелкоски (Тетекс); Одбрана: Антонио Јанкулоски (Вастра Фролунда, Шведска), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугсбург); Среден ред: Алекс Златков (Шкупи), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Победа), Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Газиантеп, Турција), Ване Крстевски (Академија Пандев), Леонид Игнатов (Скопје), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска Спорт), Арда Окан Куртулан (Адана, Турција); Напад: Марио Илиевски (Кишварда, Унгарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија), Методи Максимов (Работнички). Во составот за натпреварите во Хрватска не е повикан фудбалерот на Шкендија, Дашмир Елези поради повикот во селекцијата до 19 години што ја предводи Неџат Шабани. ег/сст/

Остани поврзан