У19: Македонските фудбалерки со победа стартуваа во Лигата на нации
- Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години попладнево во Струмица ја совлада Грузија со 3-0 (1-0) во воведниот натпревар во групата 5 во Б дивизијата во Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2026.
Струмица, 25 ноември 2025 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години попладнево во Струмица ја совлада Грузија со 3-0 (1-0) во воведниот натпревар во групата 5 во Б дивизијата во Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2026.
Избраничките на селекторот Кирил Изов одиграа квалитетен натпревар на стадионот „Младост“и заслужено дојдоа до премиерната победа со головите на Митковска (31 минута), Грозданова (50) и Попески (83).
Во вториот натпревар од групата, Словенија на стадионот „Кукуш“ во Турново го совлада Азербејџан со 2-0.
Македонските фудбалерки во второто коло ќе играат против Азербејџан, в петок со почеток во 12 часот, а во истиот термин на 1 декември во завршното коло противник ќе им биде словенечката репрезентација.
Пласман во А дивизијата и продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство ќе обезбеди првопласираната репрезентација во групата.ег
ФОТО: МИА