• вторник, 15 јули 2025

У18: Македонските кошаркари утре ги почнуваат подготовките за ЕП, Андреевски го објави списокот

У18: Македонските кошаркари утре ги почнуваат подготовките за ЕП, Андреевски го објави списокот


Скопје, 16 јуни 2025 (МИА) – Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години Горан Андреевски го објави денеска списокот на кој се најдоа вкупно 21 кошаркар за подготовките за настап на претстојното Европско првенство во А дивизијата.
Макеоднската репрезентација со подготовките стартува утре во саката „Борис Трајковски“ во Скопје.
Европското првенство во А дивизијата ќе се одржи во Белград од 26. јули до 3. август.
Селекторот Андреевски на подготовки ги повика Никола Јаничиќ, Дарјан Димовски, Даниел Бутемер, Сергеј Петровиќ, Христијан Миленовиќ, Филип Сребров, Марко Бајалџиев, Михајло Малиниќ, Ристе Букршлиев, Жарко Терзиевски, Илин Најков, Лука Марјановиќ, Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојаноски, Ѓорѓи Цветковски, Борјан Китановски, Кирил Петковски, Алексеј Нешовиќ, Стефан Сапроновски и Христијан Несторовски. ег
ФОТО: КФСМ

Остани поврзан