• недела, 22 декември 2024

У18: Македонските кошаркари ги стартуваа подготовките за Европското првенство

У18: Македонските кошаркари ги стартуваа подготовките за Европското првенство
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска ги почна подготовките за настап на претстојното Европско првенство во „А“ дивизијата на кое противници и на избраниците на селекторот Тони Симиќ ќе им бидат селекциите на Франција, Израел и Велика Британија. Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Маврово, по што ќе следуваат контролни натпревари на домашен терен против Бугарија, Швајцарија и Црна Гора, а во програмата се и два подготвителни дуели против Хрватска на гостински терен. - Имавме некои други планови, но со оглед на тоа дека ФИБА донесе одлука која ја промовира нашата селекција во учесник на Европското првенство во „А“ Дивизијата, извесно е дека мораше да направиме и извесни промени во првичните скици за работа во овој летен период. Едноставно, ФИБА ни постави нови граници кои мора да ги стигнеме во деновите кои следуваат, изјави селекторот Симиќ за официјалниот сајт на Кошаркарската федерација. - Сметам дека со одигрувањето на овие осум-девет натпревари ќе бидеме во посакуваната форма за настап на шампионатот во Турција, додаде Симиќ. ег/дма/

Остани поврзан