У16: Македонските фудбалери ремизираа против Словенија
- Македонската фудбалска репрезентација до 16 години одигра нерешено попладнево без погодоци против Словенија во првиот од двата контролни натпревари закажани во Скопје.
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 16 години одигра нерешено попладнево без погодоци против Словенија во првиот од двата контролни натпревари закажани во Скопје.
На стадионот во Чаир, двете репрезентации одиграа рамноправен натпревар, без премногу шанси за гол.
Вториот контролен дуел меѓу двете репрезентации ќе се одигра утре повторно на стадионот во Чаир со почеток од 16:30 часот. ег/ар