• петок, 05 декември 2025

У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово

У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово

 

Приштина, 23 септември 2025 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 15 години славеше победа од 1:0 против Косово на контролниот меч одигран денеска во Приштина.

Јован Јанчевски во 15. минута го постигна голот за победа на македонскиот состав.

Селекцијата предводена од селекторот Горан Станковски сосема заслужено се радуваше на побед и во текот на дуелот не искористи неколку идеални шанси за поубедлив триумф.

Вториот контролен натпревар двете селекции ќе го одиграат на 25. септември со почеток во 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан