УЈП: Навремено да се поднесати ДДВ-04 пријавите и да се плати даночниот долг за третиот квартал од 2025 година
- Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно. Поради скратената работна недела, даночните обврзници располагаат со пократок рок за навремена подготовка и поднесување на даночните пријави и плаќање на даночниот долг. Законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 октомври (сабота), а бидејќи е неработен ден, истиот се поместува за првиот нареден работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година, се вели со соопштението на Управата за јавни приходи, коешто МИА го објавува интегрално.
Скопје, 21 октомври 2025
Управата за јавни приходи упатува повик до сите даночни обврзници: поднесете ги ДДВ-04 пријавите и платете го даночниот долг за изминатиот даночен период навреме и одговорно. Поради скратената работна недела, даночните обврзници располагаат со пократок рок за навремена подготовка и поднесување на даночните пријави и плаќање на даночниот долг. Законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 октомври (сабота), а бидејќи е неработен ден, истиот се поместува за првиот нареден работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година, се вели со соопштението на Управата за јавни приходи, коешто МИА го објавува интегрално.
Во овој период се поднесуваат месечни и тримесечни ДДВ-04 пријави, па во таа насока апелираме до даночните обврзници обврските да се исполнат навремено и да не го чекаат последниот ден од законски утврдениот рок, со цел да се избегне преоптоварување на системот и можни технички пречки во последен момент.
Важно е да се напомене дека поднесувањето на пријавата без истовремено плаќање на долгот не ги исполнува законските обврски. Само со целосно точно и навремено поднесување на пријавата и плаќање на обврските, се избегнуваат дополнителни камати, санкции и непотребен стрес.
Навременото исполнување на даночните обврски не само што придонесува за финансиска стабилност на деловните субјекти, туку и за правилно усогласување со даночните прописи, што е од клучно значење за стабилноста и ефикасноста на даночниот систем. Делувајте одговорно и исполнете ги обврските на време за да придонесете кон стабилна и функционална даночна практика.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на: 📧 Е-пошта: info@ujp.gov.mk 📞 Телефонски броеви: •Од фиксна линија: 0800 33 000 •Од мобилен телефон: 02 3253 200 Управата за јавни приходи останува достапна за сите ваши прашања, со цел навремено и успешно исполнување на вашите даночни обврски.
Фото: МИА Архива