• петок, 15 ноември 2024

Уште 16 хрватски навивачи пуштени од грчки затвори

Уште 16 хрватски навивачи пуштени од грчки затвори

 

Атина, 20 декември 2023 (МИА) – Хрватското Министерство за надворешни и европски прашања соопшти денеска дека од грчките затвори се пуштени на слобода уште 16 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, со што вкупната бројка ослободени хрватски државјани се искачи на 91.

Повеќе од 100 членови на навивачката група Бед Блу Бојс од август беа распоредени во 14 затвори ширум Грција поради физичка пресметка со навивачи на грчки АЕК во која загина навивачот на атинскиот клуб Михалис Кацурис.

На депортираните хрватски навивачи им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра.

Истрагата на грчките власти во меѓувреме дојде до докази кои упатуваат дека 29-годишниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан