Уште една „жртва‘ во Реал Мадрид
- Реал Мадрид минува низ тежок период, а последните два дуела – пораза значеа и многу турбуленции
Мадрид, 16.јануари 2026 (МИА) – Реал Мадрид минува низ тежок период, а последните два дуела – пораза значеа и многу турбуленции. По поразот во Супер купот од Барселона отказ доби тренерот Чаби Алонсо.
Неколку дена подоцна „кралскиот клуб“ беше елиминиран и од второлигашот Албасете во куп натпреварувањето.
Управата бара нов тренер на листата на желби се Јирген Клоп и Зинедин Зидан, а се споменува и Жозе Мурињо.
Веќе има најави и за промени во играчкиот кадар. Шпанските медиуми пренесуваат дека Дани Себалос веќе ги „спакувал“ куферите. Тој кај Карло Анчелоти имаше солидна минутажа, но кај Алонсо тоа се смени. Независно кој ќе биде тренер Себалос најави заминување и лесно може да се случи да направи трансфер во премиер лигата.
Себалос имаше одлична соработка со Унаи Емери во Арсенал, па можно е да мине во клубот на Емери (Астон Вила). Во Реал Мадрид немаат ништо против и подготвени се да го пуштат за сума од десет милиони евра. Мн/
Фото: ЕПА