• петок, 05 декември 2025

Уште еден играч од Ливерпул се сели во Мадрид

Уште еден играч од Ливерпул се сели во Мадрид

Ливерпул, 9.ноември 2025 (МИА) – По победата против Реал Мадрид во Лигата на шампионите од пред неколку дена за Ливерпул, стигнаа непријатни вести. Како што пренесуваат шпанските медиуми „кралскиот клуб“ веќе ги договорил сите поединости за трансфер на играчот од одбраната на „црвените“ и француски репрезентативец Ибрахим Конате. Французинот во Ливерпул дојде во 2021 година од Лајпциг.

Преминот би можел да се реализира веќе во јануари. Ливерпул со Конате има договор до јуни 2026 година и секако трансфер во зимскиот преоден рок е шанса Ливерпул да заработи нешто од трансферот.

Од друга страна Ливерпул се подготвува за ангажман на играчот на Интер Алесандро Бастони, како замена за Конате.

За летниот преоден рок Ливерпул веќе го има „договорено“ Марк Геи од Кристал Палас кого во последен момент не го донесоа во претходниот преоден рок. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан