Уште еден американски носач на авиони пристигна на Блиски Исток
- Американската армија соопшти дека на Блиски Исток распореди уште една група бродови и уште еден носач на авиони

Вашингтон, 4 ноември 2023 (МИА) – Американската армија соопшти дека на Блиски Исток распореди уште една група бродови и уште еден носач на авиони.
Американски бродови вторпат се стационираат во регионот откако почна војната помеѓу Израел и Хамас.
Централната команда на САД соопшти дека покрај бродот УСС Двајт Д. Ајзенхауер има и неколку се разурнувачи со наведувачки проектили и крстосувач со наведувачки проектили. ми/
фото: Икс