• недела, 22 декември 2024

Уште двајца вработени во Белата куќа позитивни на Ковид-19

Уште двајца вработени во Белата куќа позитивни на Ковид-19
Вашингтон, 6 октомври 2020 (МИА) - Еден ден по враќањето од болница на американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, медиумите објавија дека уште двајца вработени во Претседателството на САД се позитивни на коронавирусот. Едниот е активен член на американските вооружени сили, кој го придружуваше Трамп на неговите патувања минатата недела, пишува Блумберг, повикувајќи се на неименуван извор. Американските медиуми објавија дека вториот заразен со Ковид-19 е воен советник на Трамп. паг/

Остани поврзан