• петок, 21 февруари 2025

Ушаков: Русија и САД допрва треба да се договорат како да започнат преговорите за Украина

Ушаков: Русија и САД  допрва треба да се договорат како да започнат преговорите за Украина

Москва, 17 февруари 2025 (МИА) - Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин за надворешни работи, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Русија и САД допрва треба да се договорат за тоа како да започнат преговорите за Украина.

Тој рече дека руската делегација ќе отпатува во Саудиска Арабија на разговори со американски официјални претставници во „деловно расположение“.

„САД допрва треба да назначат главен преговарач за преговорите за Украина. Засега, Русија и САД ќе разговараат за билатерални прашања“, рече тој. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан