• петок, 22 ноември 2024

Училиштата од Белград мора да платат најмалку 7,4 милиони динари поради проневера

Училиштата од Белград мора да платат најмалку 7,4 милиони динари поради проневера
Белград, 16 септември 2020 (МИА) – Основните училишта од Белград мора да платат најмалку 7,4 милиони динари поради разни малверзации, се вели во последната анализа на Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС). Според ЦИНС, белградската буџетска инспекција од 2017 година до денеска контролирала девет основни училишта и во секое од нив открила сериозни проблеми. - Поради разни малверзации, училиштата треба да платат најмалку 7,4 милиони динари, а незаконски потрошиле многу повеќе, покажува истражувањето на ЦИНС. Во текстот се додава дека директорите и сметководителите прекршочно се казнети, додека некои директори со години избегнуваат суд. јт/

Остани поврзан