• петок, 22 ноември 2024

Училиштата во Њујорк утре ја откажуваат наставата поради целосното затемнување на Сонцето

Училиштата во Њујорк утре ја откажуваат наставата поради целосното затемнување на Сонцето

Њујорк, 7 април 2024 (МИА) - Голем број училишта во северниот дел на Њујорк одлучија да ја откажат или скратат наставата на 8 април поради очекуваното целосно затемнување на Сонцето.

Официјално образложение за ваквата одлука е сообраќајниот метеж што ќе настане поради затемнувањето, но неофицијален мотив е и обид на училиштата да избегнат одговорност за евентуално оштетување на очите што би го претрпеле учениците од набљудувањето на затемнувањето без заштита во училишната средина, пренесува Њујорк пост.

Затемнувањето на Сонцето ќе биде видливо во 15:18 часот по локално време (9:18 часот по средноевропско време), односно во делот од денот кога учениците се враќаат дома од училиште. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан