• петок, 05 декември 2025

Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат во Варшава

Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат во Варшава

Скопје, 7 мај 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Варшава, Полска, ќе учествува на неформален работен ручек во т.н. GYMNICH формат – состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство.

Учеството на министерот Муцунски, велат од Министерството, се остварува на покана од министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, во рамки на полското претседателство со Советот на ЕУ.

-Дискусиите ќе бидат фокусирани на актуелните предизвици во европската надворешна и безбедносна политика, со посебен акцент на градењето отпорност кон хибридните закани, велат од МНРиНТ.

Во рамки на престојот во Полска, министерот Муцунски ќе ја посети меморијалната поставка во Треблинка и ќе положи цвеќе на спомен-обележјето на депортираните македонски Евреи. сст/aa/

Фото МИА архива

Остани поврзан