• петок, 22 ноември 2024

Ученици од ООУ „Илинден“ креираа мартинки  

Ученици од ООУ „Илинден“ креираа мартинки  
Крива Паланка, 2 март 2023 (МИА) - Локалната установа Градски музеј Крива Паланка во соработка со основното општинско училиште „Илинден" реализираа работилница за изработка на „Мартинки" како традиционални изработки поврзани со стариот народен празник Ксантика, што произлегува од македонската древна традиција.
 
- Во соработка со ООУ „Илинден“ денеска организиравме работилница за изработка на мартинки во нивното училиште со четвртите одделенија и нивните одделенски раководители. На покана на наставниците, на часовите по ликовно организиравме интерактивна настава и успешно реализиравме работилница на која младите креираа и учеа за „Мартинките", информира Дијана Ангеловска од ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.
 
Ксантика, Летник, Марта се синоними за еден ист народен празник кој произлегува од македонската древна традиција. Во зависност од етничките предели во Македонија има различно име и датум на прославување, но заедничко за сите е поврзувањето со месец март, преминот од зима во лето, разлистувањето, и доаѓањето на пролетта. 
 
-Меѓу позначајните обичаи на овој празник е правењето мартинки. Тие најчесто се прават од бел и црвен конец околу вратот или на рацете и нозете. Најчесто ги носат децата, но во некои краеви ги носеле сите членови во семејството како магиска заштита од несреќи. Мартинките се впишани на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото под закрила на УНЕСКО на 12-тиот состанок на Комитетот за заштита на нематеријалното културно наследство кој од 6 до 9 декември 2017 година се одржал на островот Џеџу во Јужна Кореја, впишан е во УНЕСКО обичајот на носење мартинки по мултинационална апликација која била поднесена од Македонија, граѓанското здружение ХАЕМУС, Бугарија, Романија и Моладавија, бидејќи обичајот најчесто се среќава на Балканскиот Полуоствов, изјави Наталија Милковска, етнолог во ЛУ Градски музеј Крива Паланка.
 
Таа нагласи дека празникот и обичајот потекнува од македонската народна традиција, преставува пагански обичај и не е подржан од МПЦ. ид/дма/
 
Фото: ЛУ Градски музеј Крива Паланка 

Остани поврзан