Ученици од „Алгоритам Центар“ - Скопје на едукативен настан „Имам став!“ во Собранието
- Ученици од „Алгоритам Центар“ - Скопје денеска ќе учествуваат на едукативниот настан „Имам став!“ во Собранието.
Скопје, 30 октомври 2025 (МИА) - Ученици од „Алгоритам Центар“ - Скопје денеска ќе учествуваат на едукативниот настан „Имам став!“ во Собранието.
Како што информира собраниската прес-служба, настанот претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Парламентот.
-Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост, се наведува во соопштението. сст/са/
Фото: МИА архива