Утре 6 часа без струја повеќе села и правни субјекти во регионот на Бањиште, Дебарско
- Во текот на утрешниот ден без напојување со електрична енергија ќе биде поширокиот регион на Бањиште, Дебарско.

Дебар, 28 април 2025 (МИА) - Во текот на утрешниот ден без напојување со електрична енергија ќе биде поширокиот регион на Бањиште, Дебарско.
- Во периодот од 9 до 15 часот ќе има планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија во следните населени места и објекти: селото Бањиште, бањскиот локалитет „Дебарски Бањи-Цапа“, селата Аме и Крифци и компанијата „Лика“, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи-Дебар.
Станува збор за планиран прекин поради извршување технички зафати на електро-мрежата. вт/мд/
Фото: МИА